Марија Шерифовиќ откако нема настапи поради коронавирус, доста е активна на Инстаграм, со што сите идеи и ставови ги споделува јавно.

Сепак никој не очекувал дека пејачката ја интересира политика и тоа странска. Таа на едно од видеата се обратила на фановите додека на телевизија ги следела изборните случувања во Америка, а потоа се заинтересирала кој ќе биде новиот претседател на САД после 3 ноември кога и ќе се одржи гласањето – Доналд Трамп или Џо Бајден.

- Кој ќе ги добие изборите во Америка: Трамп или Бајден? Да видеме. Сигурно нема да загубам опклада – се запрашала Марија.

Таа не открила на кој кандидат се кладела, но постои едена логична причина поради која Марија ја интересира американската политика.

Имено, познато е дека таа престојувала во Америка, и дека еден ден би сакала таму да живее. Секоја година таа оди во Лос Анѓелос, како поради работа така и од лични причини.

- Скоро сигурна сум дека длабока старост ќе ја дочекам во Америка. Лос Ангелос е мој град и ако некаде треба да бидам збрчкана старица таму ќе бидам со задоволство – изјавила порано пејачката.

Бидејќи Америка ја доживува како свој втор дом, останува да видеме за кого пејачката навива на престојните избори во САД.

Најчитани вести