Иако имам прекрасен партнер, редовно го изневерувам со бившиот. Најлошото нешто е што не се чувствувам виновна - ја започна својата приказна 22-годишна девојка.

- Јас и моето поранешно момче започнавме да се забавуваме кога имавме 17 години. Ме изневери неколку пати, но јас секојпат му простував. И јас и тој живеевме во ужасни семејства, па решивме да изнајмиме сопствен стан. Од денешна гледна точка, јасно ми е дека воопшто не бевме подготвени за тоа. Имавме финансиски проблеми и затоа постојано се расправавме. Честопати се тепавме - се присетува младата девојка.

Таа признава дека најдоброто нешто во нивната врска бил сексот.

- Мојот бивш и понатаму е привлечен за мене, а исто така признава дека никогаш немал девојка како мене. Сепак, тоа не спречи да раскинеме пред две години. Се расправавме секој ден. После тоа, од време на време се слушавме и се гледавме во изминатите две години - објасни таа.

Таа вели дека неколку пати го излажала поранешниот дека е во врска, само за да предизвика љубомора кај него. Сега, откако има нормално момче, сакаше да стави крај на оваа токсична афера, но не успеала во тоа.

Се обидов да го блокирам, но не можев да одолеам и на крајот повторно му се јавив. Сепак има најдобар секс со него. Сега навистина имам одлично момче и знам дека ја ризикувам оваа врска. Тој има 28 години, грижлив е, има одлична работа и прави планови за во иднина. Зошто не можам да го напуштам бившиот? И зошто не се чувствувам виновно за нашиот таен секс?

На ова следеше одговор дека и двајцата имале тежок живот кога биле многу млади и поради тоа, веројатно ќе останат блиски засекогаш.

- Затоа, не е ни чудо што ви е тешко да го извадите целосно од вашиот живот. Но, сепак постои токсична страна во оваа врска. Мора да се запрашате дали сакате да останете со вашиот сегашен дечко и да се обидете повторно со поранешниот. Не е здраво ниту за вас да го лажете вашиот сегашен партнер. Треба да одлучите како понатаму, е одговорот кој го доби.

Најчитани вести