Царинските службеници во соработка со полицијата спречиле шверц на камен со златни честички тежок над 2,3 килограми, соопшти денеска Царинската управа на Србија.

Според нив, прекршокот е откриен кога Ауди со германски регистарски ознаки, во кое патувал германски државјанин со турско потекло, било издвоено на излез од земјата за детален преглед.

Во една од патните торби во багажникот на автомобилот, под гардеробата, бил пронајден голем камен, со јасно видливи честички од злато.

По мерењето утврдено е дека неговата тежина е 2.310 грама, а патникот во разговор со цариниците рекол дека во него нема повеќе од 100 грама злато.

Бидејќи не сакал да објасни од каде потекнува каменот во кој се наоѓа златото, се претпоставува, според Царинската управа, дека се работи за колекционерски примерок, од кој подоцна може да се извлече злато.

Прелиминарната вредност на тој примерок се проценува на околу 2.000 евра, но за да може прецизно да се утврди, каменот ќе треба да помине стручна анализа.

Најчитани вести