Потребни состојки:

  • 500 г кори за пита со средна дебелина,
  • 300 г дробено сирење,
  • 250 мл вода,
  • ½ чаша масло
  • сол (по желба)

Начин на приготвување: Во длабок сад измешајте ги водата, маслото и солта (количината на додадена сол зависи од соленоста на сирењето). Во намрсен плех со пречник од 24-26 сантиметри ставете 2 до 3 кори, а краевите оставете ги да висат надвор од плехот. Притоа секоја од корите попрскајте ја со смесата од вода и масло. Одвојте 2 кори кои подоцна ќе ги искористите за покривање на бурекот, а останатите кори поделете ги на 2 или 3 дела. Секоја од корите од првиот дел ставете ја во тавата за печење и пропрскајте ја со смесата од масло и вода. Смесата од масло и вода внимателно распоредете ја така да ви останат уште 2 лажици за да го попрскате бурекот од горната страна. Врз првиот дел кори, нанесете од дробеното сирење. Врз смесата од сирење нанесете го вториот дел од корите, а притоа секоја од нив попрскајте ја со смесата од масло и вода. Доколку корите ги поделивте на три делови, врз вториот дел од корите ставете од сирењето, а потоа постапката со попрскување повторете ја со преостанатите кори. На крај, деловите од корите кои висеа надовр од тавата, ставете ги внатре. Двете кори кои ги одделивте на почетокот, попрскајте ги со смесата од масло и вода и ставете ги на горната страна, како капак. Со останата смеса од масло, попрскајте го бурекот.

Бурекот ставете го во загреана рерна на 175-200 степени, да се пече во траење од 40 до 60 минути, односно додека не добие убава златнокафеава боја. Печениот домашен бурек со готови кори превртете го на дрвена даска.

На здравје!

Најчитани вести