Партииите на власт, СДСМ и ДУИ, ја убедуиваат јавноста дека сме во криза, владата нема пари за пензии, плати, за здравство и образование а за тоа време 1.200 Албанци вработени по етнички клуч во државната администрација примаат плата и не одат на работа. Според вице премеирот Артан Груби на нив никој не смее да им даде отказ поради тоа, тие се над законот и над правата и обврските кои ги имаат сите други вработени во државава.

Функционерите на СДСМ делат пари на свои невладини организации за тренинг на магариња, за кондоми, за субвенции од по 800.000 евра годишно за нивни весници кои никој не ги чита, за измислени проекти преку Фондот за иновации се поделени над 8 милиони евра, а во исто време 40.000 луѓе останаа без работа затоа што малите бизниси по наредба на владата не можат да работат.

Перверџзијата со земање државни пари и трошење за чалам оди до таму што директорот на Зоолошка градина Скопје, Ѓорѓи Галетановски - Чомбе шета низ Скопје со патики од 750 евра, или скоро две просечни плати на вработен.

Чомбе е кадар на СДСМ, до директорката функција бил менаџер на кафичи и дискотеки, и ништо повеќе од тоа. Се прослави со плаќање по 250.000 евра за куќа за пингвини во зоолопшката и слични квази проекти. Ете, од таму се парите за чаламот, плус станови, бесни коли и аздисувања по ноќен живот за него и неговите партиските колеги. 

Најчитани вести