Екс ТВ-водителот Стефан Лазаров, а веќе некое време и популарен јутјубер гостувањето во „Жешко столче“ го искористи за да им одржи лекција на оние кои сакаат да се занимаваат со јавна работа, да каже со кого е скаран, кого не може со очи да види, но откри и која пејачка му е бивша девојка. 

Иако дотогаш прилично сигурен во одговорите, на прашањето дали со Антониа биле нешто повеќе од пријатели Стефан малку се подзбуни, па по мала „драмска пауза“ призна дека за ова никогаш јавно не зборувал. 

„Да, се гледавме некои три-четири месеци пред да се запознае со Иван (веќе подолго време Антониа е во љубов со Иван од Либеро бенд) и не знам... Толку имам да кажам“, подзбунето рече Стефан и уште додаде дека после се се добри пријатели.

Одговорот на Стефан слушнете го на 7:40 минути:

 

И ако на темата ’бивши девојки“ покажа доза на збунетост, така не беше и кога зборуваше со кој пејач е скаран и со кого никогаш не би сакал да соработува. Впрочем, изгледајте го видеото и се ќе ви стане јасно!

Најчитани вести