Кендра Блер (39) пораснала во строго христијанско семејство и како тинејџерка одлучила дека нема да ја изгуби невиноста пред брак.

Се омажила на само 19 години, но наскоро открила дека не е во можност да води љубов, бидејќи тоа било болна агонија за неа.

Таа била дијагностицирана со вагинизам - физичка состојба предизвикана од грчеви и контракции на вагиналните мускули, при обид за пенетрација. По 12 години брак без односи парот решил да ја прекине својата врска.

Сега Кендра е повторно верена и е решена да стори се што може за да има с*кс со нејзиниот иден сопруг, до 2022 година, кога планираат венчавка.

- За време на мојата прва брачна ноќ, пред 20 години, сфатив дека нешто не е во ред. Се чинеше како да имам коска во мене, што тогашниот сопруг не можеше да ја скрши. По неколку неуспешни обиди, отидов кај гинекологот, каде што имав непријатно искуство, бидејќи имав луда болка и не дозволив понатамошно испитување, признава Кендра.

Оваа непријатна состојба е многу ретка и може да биде предизвикана од трауматски сексуални искуства, но и од психолошки бариери.

- Ми олесна кога докторот ми рече дека не сум го измислила ова и дека не сум единствената жена со овој проблем, вели таа.

Нејзиниот брак наскоро паднал во криза, и поради овој и други проблеми, и по 12 години таа се разведе од сопругот.

- Пред да се разведеме, му реков дека може слободно да има сексуални односи со други жени. Секако дека не го сакав тоа, но бев фрустрирана, а исто така и тој, вели Кендра.

Иако после тоа нагло и опаднала самодовербата, Кендра наскоро го запознала својот сегашен вереник, кому веднаш му кажала за нејзината состојба. Сепак, не му пречело и рекол дека не е со неа поради с*кс.

За овој проблем започнала да оди на физикална терапија и со помош на вежби оваа состојба започнала да добива помал интензитет.

Таа дури вели дека неколку пати успеала да има „делумна“ серија.

Сега таа е решена да продолжи со терапија и вежби, за да може да има што е можно понормален сексуален однос до нивната прва брачна ноќ.

Најчитани вести