Се мрднавме од памет бе луѓе! И кучињата по улица станаа депресивни па наместо да лајат само ке покажат зуби и ке си свртат опашка во стилот ‘‘ ме мрзи да лајам‘‘. И они дури гледаат дека нешто не е во ред. Само партиските војници задолжени со газот во скутот на партиите велат ‘‘ све је у најбољем реду друже‘‘. Ма, у реду е, жими муда марјанова. Зимајте плата и не серите.

Дојде она октомвриско време во кое ноќе е ‘‘грч’’ ладно а дење се зноиме.      Ама некоја чудна пот. Ладна. Чешаш глава имаш долгови, пари немаш, а капак на се сакаш да работиш и да заработиш, ама нема како. Не дека сакаш да бидеш лузер, ама каде и да се свртиш, што би рекол еден мој припрост другар, ‘‘ за што и да се фатам, за кур се фаќам‘‘!

Дури и најголемите дубарџии, преваранти и далаверџии почнаа да плачат дека нема пари. А, што да речат тек приватните стопанственици. Ептен тие што продаваат  храна работат со позитивна нула, зашто народ ‘‘пењил, не пењил‘‘ мора да јаде, па макар на рабуш. Море, ни рабуш нема више, не те ебава никој! Самата држава не те ебава! Цркавај ‘‘ на нивоу‘‘ друже мој и спремај се за киселиот купус зимоска. Фрли буковец врз зелката, стај си една жолта и замишљај се дека си Султан Мурат.

Уште колку куршуми има власта да пука дека се е под контрола? Не знаеш дали народов е по уплашен, по збунет, по дезинформиран или по јебан у мозак. Претпоставката дека тенденцијаата ‘‘иде само на бетер‘‘ ке еволуира сериозно и реално, неизбежно повлекува прашање како народот ќе се справи со сето тоа. Дали со текот на времето ке закључиме дека ова протестиве по улици што ги прави ВМРО на крај ке испадне дека се ( с‘ опроштење) пичкин дим во споредба со она што може да се случува?

Има една стара народна која вели ‘‘ сечи уши, крпи дупе‘‘. До кога ќе сечеме уши бе друже мој, па немаме уши ‘‘ од тука до Гостивар‘‘! И тие се толкави колкави се.

Зошто затвораме очи пред предвидувањата дека сакале или не, на крај политичката сцена во Македонија ке мора да претрпи измени. Зошто!? Еве зошто. Едните се у парламент а другите на улица се повеќе. Не дека некој од нив има решение за оваа Содома и Гомора, туку од проста причина на крај единствениот начин народот да почне да ја враќа ‘‘каква таквата‘‘ доверба во системот ќе биде сите да седнат на маса и да поделат задачи.

Дури и тие што во меѓувреме ќе се обидуваат да цртаат ‘‘ трета опција‘‘може само да го почешаат обичниот граѓанин за муда со ветување дека ќе сменат нешто.  Додека во етерот вреска синтагмата ‘‘ ова е време на влада за национален спас‘‘, сведоци сме на секвенцата од филмот ‘‘Титаник‘‘ во кој додека бродот тоне, музичарите стоицистички го свираат ‘’Реквием’’. А, морето голта животи.

Оној министерот за Одбрана на Бугарија не знам со кој акал прети дека ќе испрати бугари да ги срушат спомениците од НОБ на кои стои дека тоа бил фашистички окупатор. Нема алтернатива за жал, за она што сакам да го кажам како дефиниција. Звучи простачки ептен, ама, нека де! ‘‘ Или чорапите му смрдат, или курот му е голем‘‘ викаат. Министар си бе друже на земја членка на НАТО, а не председател на месна заедница ‘‘ Бај Гањево‘‘! Депортацијата на Евреите не е извршена преку туристичка агенција. Ниту пак ‘‘Треблинка‘‘ била Катлановска Бања.

Ова што го зборам секако не се однесува на Бугарскиот народ во целина. Респект. Метафора.

Извршната власт во Македонија одамна е падната на испит. За да контролираш население ако веќе поставуваш вонредни правила и ‘‘анасана‘‘ прекуредни закони, ти мораш да имаш здрави механизми на казнивост. Македонија е еден голем башибозук во кој ни судство, ни полиција, ни на мајка му не си ја врши работата како што треба. Ако јас како граѓанин шетам без маска по улица во стилот на ‘‘ ме заболе ташак‘‘, тоа не значи дека јас сум стока ( а, сум ако не носам) туку дека нема кој да ме контролира и казнува. Удри бригу на весеље.

Зошто на Запад сите мерки кои се преземаат функционираат? Барем во смисла на  почитување! Ало бе ајвани, тоа не е почитување туку страф дека мама ќе му ебат по џеп!!! Ама, таму полицаецот кога ќе ти пише пријава, не може да ја скине ни ‘‘мајка Јана‘‘! А ти ако имаш математика праш што сакаш. Почит! Каква почит бе! Страв !....

Нашиот народ Господ го удрил бе! Удрил, не удрил по џеп, да го мавнеш од зид попрво око ке му испадне отколку некој денар од џеп.

Како и да е, нештата мора да функционираат. А како! Како кога депресијата не одведе во ментална шума на предатори во вид на глад, задолженост, безработица, очај, и рамнодушно прифаќање на ситуацијата во стилот на ‘‘ од Бога дадено‘‘! Се релативизира зборот ‘‘ направи нешто за себе си‘‘. Се согласуваме дека таков ни бил ‘‘К‘сметот‘‘. Босанците велат ‘‘ таква нам нафака, баа‘‘!

Тибам к‘сметот. Курат к‘смет. Курато време. Курата и неизвесна иднина.

А Европа!?! Европо мори курво стара, зошто не признаеш нешто што сите го знаат. Нема Европа пред да се направи микро регионализација. Па, сите у пакет ако ти останеш до тогаш читава. ‘‘ Пукнала, да не пукнеш‘‘ велат старите, до кога ќе не дупиш!?

Или чекаш прво Бугарите да ни се изнадупат? Е па, како велат ‘‘ ако не можеш да избегнеш силување, обиди се да се опуштиш и да уживаш во сексот‘‘!

Уфф,.. кое курато време. Викај ура и бегај назад, вика еден мој комшија. Не носи маска да му ебам вујната недисциплирана.

Агим Јонуз

Најчитани вести