Се приготвува лесно, без развлекувања на кори и состојките се мешаат во еден сад.

Потребни состојки:

  • 2 јајца
  • 200 мл јогурт
  • 1 прашок за печиво
  • 400 г брашно
  • 100 г шунка
  • 100 г сирење
  • 5 кисели краставички
  • масло, сол и бибер
  • зеленчук по желба

Начин на приготвување: Исечкајте ги краставичките и шунката на ситни коцки. Во длабок сад соединете ги сите состојки, освен сирењето, додека не добиете тесто. Ставете масло во тава за печење, размачкајте го, па нанесете го тестото. Печете 15 минути на 200 степени. Извадете ја питата, изрендајте го сирењето и додадете ситно сечкан зелечук по желба, па допечете ја уште 5 минути. Кога малку ќе се олади, исечете ја и послужете.

Уживајте!

Најчитани вести