Не сме навикнати Јелена за зборува на тие теми...

Јелена Ѓоковиќ е жена која ја знаат во секој дел од планетата, најмногу поради сопругот Новак.  Јелена неодамна зборувала за книги кои и го промениле животот, а на сите им паднало во очи онаа која зборува за водење љубов. Таа прошетала со својот сопруг Новак низ Белград и во една книжарница во центарот на градот поделила совети на сите дами:

- Ми рекоа дека сум имала една минута да најдам книга за препорака... Излегоа три минути, а можеа барем 33. Кога ќе навлезам во популарна психологија, не излегувам – рекла Јелена во видео објавено на својот Инстаграм.

Одбрала дела кои и го промениле животот:

- Сега најмногу читам популарна психологија, и тоа е она што допринесува за мојот раст – рекла Јелана и ја препорача книгата “Е, ме заболе“ бидејќи зборува колку се важни нашите сопствени одлуки за се она што сакаме во животот.

- Јас многу го почитувам Џон Диспенц и многу ги сакам неговите книги и мислам дека е сјаен човек. А тука е и книгата Четири договори која ја препорачувам од срце, како и Естер Перел – таа е генијална за партнерски односи. Сексуалноста е нешто многу битно и што мнигумина губат во долги вреси. Е ова е нешто што може да ви даде некоја интересна перспектива – советувала Јелена.

Зборувала и за книгата “Непритисната душа“ која зборува за враќање кон себе.

- Често велат дека во животот сите ја бараме среќата, но тогаш се случува потрагата по среќа да биде одбегнување на болка. Животот сам по себе е страдање и болка и ние треба да ги прифатиме тие станици на патот кон нештата и да не ја одбегнуваме болката, да не ја маскираме. Оваа книга има одлични примери како тоа во животот да го направите – порачала Јелена.

Најчитани вести