Skip to main content
x

17 Oct 2020 - 23:05
sportmedia
Статија

Ненад Димитријевиќ и Хувентуд го запишаа вториот пораз во Лига Ендесе. Тимот од Бадалона на гостински терен беше совладан од Тенерифе со 86-82 во доста возбудлив натпревар.

Хувентуд добро го отвори мечот, поведе со 4-9, но домаќинот брзо се врати, па по првата четвртина беше 22-22. Тенерифе зеде залет, набрзина поведе со плус 12 (36-24), доминираше до средината на овој период, кога Нено и неговите соиграчи направија серија од 13-2 за 43-43 на одморот.

Неизвесно беше во продолжение, Хувентуд се држеше до средина на последната четвртина кога противникот со серија од 6-0 поведе со 81-75 и ги осигура бодовите.

Димитријевиќ беше стрелец на десет поени (1/4 за три, 3/4 за два, 1/1 за еден поен), за повеќе од 20. минути во игра додаде три асистенции.

Хувентуд по шестото коло има четири победи и два порази, се наоѓа на петата позиција на табелата.

 

sportmedia.mk

Најчитани вести