Skip to main content
x

17 Oct 2020 - 23:05
sportmedia
Статија

Фудбалерите на Оле Гунар Солскјер со пресврт до победа на гостувањето во Њукасл на мечот од 5. коло во англиската Премиер лига. Иако домашните први дојдоа до предност и тоа по само две минути игра, откако Лук Шо ја погоди сопствената мрежа, гостите собраа сили и на крајот дојдоа дури и до убедлива победа на „Ст. Џејмс Парк“.

Најпрво во 23. минута многу озборуваниот Мегваер погоди за израмнување на 1:1, по што следуваше доминација на „црвените ѓаволи“ но на полувреме се замина во егал.

Во вториот дел по само 10 минути игра судијата со помош на ВАР покажа на белата точка за гостите, но Бруно Фернандеш не успеа да го совлада домашниот голман Дарлоу. Сепак, истиот фудбалер во самата завршница го најави победничкиот поход. Португалецот во 86. минута по асистенција на Рашфорд погоди за 2:1, по што Њукасл комплетно се распадна, па во судиското продолжение гостите постигнаа уште два гола,

Прво на 1:3 зголеми Ван Бисака, за конечните 1:4 во 96. минута да ги постави Рашфорд.

 

sportmedia.mk

Најчитани вести