Skip to main content
x

17 Oct 2020 - 22:45
sportmedia
Статија

Актуелниот италијански шампион Јувентус и на второто овосезонско гостување во Серија А дојде само до реми. На гостувањето кај Кротоне, момците на Пирло одиграа 1:1, иако имаа реални шанси да ги освојат сите три бода. Домашните одиграа храбро, ги следеше и среќата и успеаја да останат непоразени.

Натпреварот почна одлично за домашните, кои уште по само 12 минути добија шанса за водство. Главниот судија покажа на белата точка, а Сими успеа да го матира Буфон и да обезбеди предност за Кротоне од 1:0.

Повратникот во дресот на Јувентус, Алваро Мората само 9 минути подоцна ги врати работите на почетна основа. Шпанецот ја погоди мрежата на домашните по асистенцијата на Киеза и на „Старата Дама“ и донесе израмнување.

Во финишот на мечот Алваро Мората и по вторпат ја погоди домашната мрежа, но овој негов гол беше поништен поради офсајд. Вреди да се спомене дека Јувентус од 60. минута беше со играч помалку, по искклучувањето на Киеза.


Standings provided by SofaScore LiveScore

sportmedia.mk

Најчитани вести