Skip to main content
x

17 Oct 2020 - 21:15
sportmedia
Статија

Коронавирусот не го одмина и Металург. По цела низа тестирања и негативни резултати, денешното тестирање покажа дека и во Металург има два позитивни теста.

“РК Металург до денес успеваше да се заштити од Ковид 19 и искрено бев среќна поради тоа. Сведоци сме дека последните денови вирусот нападна преголем дел од населението, како и ракометните клубови. Исклучок не е ни Металург. Од последното тестирање во минатата недела до денешното, за жал имаме два позитивни случаи, од кои еден е играч, а еден е член на стручниот штаб. И двајцата се без симптоми и се во добра здравствена состојба. Ќе ги испочитуваат протоколите и ќе останат во изолација до следното тестирање за 10 дена. Им посакувам брзо оздравување. Сите други се тестирани и се негативни. Најодговорно тврдам дека сите мерки за заштита беа запазени, а играчите, стручниот штаб, како и управата максимално се придржуваа на препораките“, изјави претседателката на Металург Зорица Блажевска.

Металург в понеделник ќе замине во Франција, каде во вторник ќе го одигра првиот натпревар во групната фаза против екипата на Тулуз.

sportmedia.mk

Најчитани вести