Александар Шарац (35), член на криминалната организација Пинк Пантер, денес околу 16 часот во гаражата на Трговскиот центар Ушче во Белград е застрелан. Како што дознава Телеграф.рс, напаѓачот му пришол на Шарац во моментот кога тој се приближувал до своето возило мерцедес и му испукал два куршума во главата, а потоа избегал.

Шарац паднал, а убиецот побегнал од местото на настанот. Иако прво се појавила информација дека Шарац починал по пристигнувањето во болницата, лекарите успеале да го реанимираат и тој сега се наоѓа на одделот за интензивна нега. Тој се наоѓа во многу тешка состојба.

Напаѓачот, снимен од безбедносните камери, носел црвена јакна, капа и маска.

Шарац не е прв пат цел на напад. Во јануари 2019 година, медиумите пишуваа дека тој бил мета на нападот во кој е убиен неговиот зет Небојша М.

Шарац имал подебело криминално досие, а еден од поголемите пленови со својата банда го ограбиле за време на операциите во Милано во септември 2016 година, во една луксузна продавница за накит. Во тоа време бил уапсен, а украдениот накит вредел повеќе стотици илјади евра, пишуваа тогаш италијанските медиуми.

Шарац бил уапсен во Србија по меѓународна потерница, а од затвор е ослободен кон крајот на 2018 година.

Најчитани вести