Превкусно јадење, кое ќе биде готово за само неколку минути. Вреди да се проба.

Потребни состојки:

  • 500 г шпагети
  • 100 г рендан пармезан
  • 6 домати
  • 4 чешниња лук
  • 1 луто пиперче
  • магдонос и масло

Начин на приготвување: Се сечат доматите, па во нив се додаваат иситнетиот лук и магдонос по желба. Се ставаат зачини и црвено луто пиперче. Се става и малку масло, па се остава смесата  45 минути. Во меѓувреме се варат шпагетите, во солена вода, се цедат и се прелеваат со сосот.

На здравје!

 

Најчитани вести