Премиерот Зоран Заев за повратот на средства за проектот „Викенд без ДДВ“ рече дека ќе се врати многу помала сума од планираната на сметките кај граѓаните, затоа што во ек на оваа криза, како што вели тој, граѓаните штедат пари.

- За оваа мерка ќе се вратат некаде околу 1,5 милион евра. Сиромаштија е, се штедат пари, секој сака да купи само тоа што му треба, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање при обиколката на претоварната станица во Скопје, каде се одложуваат стари печки и други нееколошки грејни тела.

Премиерот рече дека иако само мал дел од предвидената сума за враќање на целиот ДДВ била искористена, тој вели дека прометот во некои ставки бил зголемен за пет пати.

- Доколку граѓаните сакаат, може да има следен викенд без ДДВ за две или три недели, но најверојатно ќе ги алоцираме останатите средства за друга намена, рече Заев.

Најчитани вести