За помалку од половина час можете да имате на трпезата кокосови колачиња кои се минимално крцкави однадвор и идеално сочни и слатки однатре, а најдоброто е што ризикот од грешки е речиси непостоечки, дури и за кулинарските аматери.

СОСТОЈКИ

300 гр кокос (3 пакетчиња)

100 гр шеќер

4 белки од големи јајца

2 мали лажички екстракт од ванила

прстофат сол

темно чоколадо

ПОДГОТОВКА

Во длабок сад измешајте ги белките, шеќерот, ванилата и солта. Со маталка рачно матете додека не добиете пенлива смеса.

Додајте го кокосот и мешајте. Кокосот треба да биде рамномерно навлажнет од течната смеса.

Со рацете оформувајте колачи во конусовидна форма, без да се трудите да создадете остар врв. (Совет: За колачите да имаат побогата текстура, по оформувањето, секој од нив поросете го со малку кокос.) Редете ги колачите во тава обложена со хартија за печење.

Печете ги колачите 15-20 минути во загреана рерна на 180°C, односно додека врвовите не заруменат. Откако ќе ги извадите од рерната, оставете ги да оладат.

Растопете чоколадо во микробранова печка или во сад над зовриена вода. Потопете ги во чоколадото или само дното, или и дното и врвот, или пак, со чоколадото напрскајте ги колачите. Изгледот зависи од вашите преференции, а колачите можете да ги служите и без воопшто да ги чоколадирате.

Најчитани вести