Се изненадив кога деновиве едно 15-годишно дете цитираше една досетка која е чиста филозофија, ама не за негова возраст. Вели, ‘‘ орел пораснат меѓу кокошки у ќумез смета дека летањето е грев‘‘.Го глеам малиов, у себе си викам ‘‘ ај копиљ не тртомуди иди гледај цицки на Јутјуб‘‘, ама некако во позадина одеднаш ми засвира една кафанска песна од Саша Матич ‘‘ Неке птице никад не полете‘‘. .. Тажно!

Ќе полетаат ли нашите млади орлиња ( демос, не етнос) во светла иднина некогаш?!

На ова прашање политичарите веќе имаат одговор во стилоот на ‘‘ па вие веќе летате‘‘. Јас велам да, летате ама на ‘‘ флајт симулатор‘‘. Летате кога ќе се надувате, напиете, издрогирате, кога политиката пред избори ќе ви влезе како варикина која пере се во подсвеста. И тогаш, наместо креативноста на младото мозоче, ќе се фатите за Гоце Делчев и Скендербег како опијат кој трае до првото сончево утро на кое гледате како други птици рашириле крила и реално летаат!

А, вие ќе се тешите самите себе си дека сте среќни, ама не ве информирале. Ќе ве известат на вести приквечер. Без разлика што Коста Солев Рацин одамна ве известил дека ‘‘ за туѓи бели дворови ( во политиката) длабоко копате црни гробови‘‘. Ама, не знаете дека се гробови, туку некој ве известил ( испрал мозок) дека тоа се само темели за небото на кое ‘‘еден ден‘‘ ќе полетате. Фали само да се забетонираат. Србите велат ‘‘ ево!,.. само што нисмо‘‘!

Жалосно или баш добро? Младите генерации не ги васпита веќе државата, ни родителите, ни Петко ни Станко. Интернетот! Ги ‘‘ креше‘‘ како сака. Но генерално ги креше како глобално јато на орлиња кои ако не полетаат час поскоро, со своите остри клунови ке се прождерат меѓусебно. Ќе се самоуништат. “Game Over”! До новата игра на црните сенки.

На планетата нема да и се случи ништо ново. Таа помни катаклизми, ери, уништувања. Пак ќе си остане округла, ама ќе си остане како ‘‘третиот камен лево од сонцето‘‘

Македонија лето проклето 2020-то. Знам дека звучи несериозно и небулозно, ама замислете како ке излезевме на крај ако пандемијава беше предизвикана од стомачен вирус!? Во град и земја во која нема ниту едно јавно WC ! Со ниво на хигиена и јавна култура равна на чудењето на Бушманот во филмот ‘‘ Последњи крици Саване‘‘. Немаше да испоцркаме од вирусот. Ќе испоцркавме угушени во смрдеж. Ама не од проливот. Од сопствената беда! Бедата има страшно непријатен смрдеж.

Ќе има ли срања, нереди, ќе има ли во скоро време циркуси по улици? Не велам протести, нив ионака ке ги има обоени со политичко инициран ‘‘поликолор‘‘. Зборувам за реални срања и нереди иницирани од гладен стомак и очај. Безнадежност. Од ‘‘ пуна нам је капа свега‘‘!?

Нема, не се секирајте! Како тоа може да нема!? Така!... Нема! Корона филмот во рацете на политиката е идеален амортизер за такви нешта. Ќе ти ‘‘ опнат‘‘ карантин, изолација, полициски час, рестрикции на движење и сето тоа ‘‘ З‘ш така требит због ради Короната‘‘! Една работа е евидентна. Планетарно некој успеа да наметне амбиент на ‘‘ ќе испоумрете сите ако не слушате што ви кажуеме да правите‘‘.

Бил Гејтс,.. датибам све што ти е женско по комшилук! Не дирам фамилија! Ќе ме тужиш.

Втора работа поради која нема да има срања е податокот кој вели дека ‘‘ па што, нека има ама што ќе смени‘‘!? Ќе се ресетира државата!? Ќе почне од нула ко Албанија пред 30 години без едно еуро надворешен долг? За внатрешниот не зборам. Ќе се онесвестиме. Што ќе рипаш? На кого рипаш? Ќе кршиш? Што ќе кршиш? Кога на времето не си го скршил пенкалото со кого си гласал будала на која сакаш да и рипаш!? Јебо те и СДСМ и ВМРО и ДУИ и све останато кое глуми партија. Зборувам генерално.

Трета работа е лајнарска јавна свест. Да постоеше јавна свест, овака или онака ке функциониравме. Какво и правило да се донесе ако се испоштува не може да не функционира јавноста макар и на ниво на вонредни услови и минималистички. Ќе се помиревме со тоа дека така мора и треба да биде. Ама кога имаш стадо а не народ, ( не реков стока) ти ќе ги пуштиш шарпланинците да го водат стадото, ама унутра овците ќе си останат овци и ќе смрдат на ‘‘овчоина‘‘!

Што бидна со Европа бе!?! Бидна ( у мој стил ) ‘‘кур поголем‘‘! Ама ‘‘ ево само што нисмо‘‘! Важи!

Ех, Македонијо, моја си, те сакам, инаку ќе речев нешто ама,... ај ‘‘друкпут‘‘!

Агим Јонуз

Најчитани вести