Дури и во Њујорк, град познат по говедско месо со врвен квалитет, не можете да најдете толку вкусен специјалитет. Доаѓа од Јапонија, а станува збор за сендвич со бифтек, кој чини помеѓу 185 и 229 долари.

Сепак, не станува збор за обично говедско месо, а неговата продажба во форма на сендвич започна во 2018 година. Наречен е Озаки, според творецот и потекнува од мала јапонска фарма. Според оние што го пробале - „се топи во уста и ароматично е мрсно“. Општо земено, јапонското говедско месо е побогато и повкусно од другото говедско ширум светот.

Станува збор за „јапонска крава“ вагју, која има четири раси во Јапонија и стана синоним за квалитет. На кратко, сендвичот чини толку многу затоа што е со врвно месо, и еве како започна сè.

Идејата доаѓа од Мунехару Озаки, кој го презел ранчот со 100 глави од неговиот татко во средината на 1980-тите, на само 24 години. Говедското месо потекнува од стадо 1.600 јапонски црни говеда, одгледувани во регион најпознат по квалитетот на месото.

Тој започнал да одгледува говеда на уникатен начин, почнувајќи со сосема природна исхрана. Тоа е специјална храна што е мешавина од 13 видови житни култури што ги развил во текот на 20 години. Смесата вклучува јачмен, соја и пченица и се подготвуваат околу два часа секој ден.

Повеќето врвни крави се одгледуваат 28 месеци пред да бидат заклани. Како што животните стареат, тие имаат поголема веројатност да се заразат со болести. Озаки, кој избегнува антибиотици и стероиди, одгледува говеда дури 36 месеци, дозволувајќи му на месото да развие подлабок вкус и маснотиите да бидат подобро навлезени во мускулите.

Најчитани вести