Во секојдневие со полуспуштени гаки не само што ги спуштивме да простите, туку и убаво се наведнавме. ‘‘ Кад је бал нек‘ је трошак‘‘!  А, каков е трошокот? Трошиме живот,..  Планетата започнува да се врти во обратна насока од часовникот. Морбидно.

Ова не е живот, ова е ‘‘ чистилиште‘‘ на другари, роднини, пријатели, познаници. Секој секому мудрува, први другари ти рокаат нож в грб за ‘‘200 грама семки‘‘, а познаниците докторираат на Oxford лицемерие и пакост. Секој се враќа во самиот себе си и си ги бара грешките, препишувајки му ги на друг. Теорија на ‘‘кукавичкото јајце‘‘. Беда!

Ако! Еднаш барем нека се расчистува матниот хоризонтот од лажни одблесоци на сонсе. Луѓе фатаморгани!
Ова е време на несреќни луѓе. Оние, малку по неписмените свртени кон бога велат ‘‘ ова е божја работа‘‘ и на нив со својот севселенски амбиент им е ми се чини полесно. Тука им завршува радиусот на разбирање на ‘‘Бог дава – Бог зима‘‘! Да,.. но, и човекот меша прсти. Му помага на бога да земе, а не да дава!

Велат ‘‘ секој си плаче над сопствениот гроб‘‘. Јас си ‘‘плачам‘‘ над Македонија. Мое легитимно право. Тука сум роден, тука и ке трулеат моите коски заедно со на предците. А, се прашувам што можам да сменам. Можам, да простите ташак мој! И така ташак до ташак на улица, станавме сите еден огоромен ташак. Трагикомично, ама реално.

Јебо те и Заев, јебо те и Мицко, јебо те и Али,.. јебали те и сите оние кои се по популарни од Никола Тесла закачени на државна цицка среќни што се гледаат на вести и дебатни емисии сметајки се себе си за месии. За Исуси спасители застанати пред огледало во кое се смешкаат рефлектирајки го во огледалото лицето на Јуда!

Ќе те предадат со ладен бакнеж во гората со маслините со елитистичка насмевка зад која стои восочно лице на копук!

Каде сме и каде одиме? Велат, ако паднеш во септичка јама прво правило е да не таласаш и да не копаш надолу. Можеби ние не копаме, ама таласаме како дете во пластично базенче сред лето. Во нуклеарно време, во време кога науката дојде до ‘‘Хигзовиот Бозон‘‘, нам сеуште ни се пресудно битни Гоце Делчев и Скендербег. Како феномени, не како личности. Пресудно битни ни се патриотите кои манипулацијата ја имаат усовршено како 5G технологијата.

 Пари – ЈОК! Работа јок, амбиент јок, надеж јок, верба јок ( сем ако не и ‘‘пушиш) на актуелната власт ( било која) па се декларираш како оптимист. Јок доверба во системот, јок здраво секојдневие, јок ментално здравје ( општа и јавна депресија). Јок иднина за млади, јок визија ( докурца со Европа), јок производство, јок кафана- јок мир! Јок ‘‘ једва чекам да ми сване сутра дан‘‘!

Не постои друга земја во која од искон се пее ‘‘Зајди зајди –јасно сонце‘‘! Парадокс! 
Толку многу најавуваната есен со својот нов бран барем засега има некаков ‘‘лајт‘‘ филм апропо короната. Чекај до прва кривина кога нема да можеш поради временските услови да одржуваш дешаваљки на отворено со изнесени клупи на тревник. Има да биде хаос! Интересна работа, хаосот ни станува ‘‘ так нормаљно‘‘, што и сами стануваме дел од тој хаос.

Некој ке рече дека колумнава е депресивна и одвратна. Не! Одвратно е тоа што тој што ја чита колумнава не си признава сам на себе дека сум во право. Дека неговото дете веќе има дефект во перцепсијата на светот, затоа што не се симиња од интернет бегајки од стварноста на улица и дома.  Депресијата се лечи. Но, депресивноста имбибирана во коски те следи до гроб. Се прашуваш ‘‘ каде сум, каде одам‘‘...

Државата е љубов ( фигуративно). Сооднос на чувство, права и обврски. Правата можеш да ги користиш само во здрав систем и правна држава, секако ако имаш пропорција со интензитетот на исполнување на обрските. И двете се отидени ‘‘ у курац‘‘! Молчи и живеј го животот каков и да е ( Коста Солев Рацин)! Голтај пакет мерки и смешкај се на вересија. Држава што живее на вересија по автоматизам носи едно цело стадо пред олтарот на иднината во која некој треба да ја плати таа вересија. 

Ако државата е љубов ( фигуративно), зошто нема ментално рандеву? Нема седење на клупа, гушкање, фачкање, предигра,... секс?! Заборави се тоа друже мој. Предиграта е за оние што немаат пари да ти поклонат нешто па ‘‘ те муваат ‘‘ на шарм и излихтени швалерски фрази. Се е гол секс!

Во време на инвазија на ‘‘Педикулис Пубис‘‘. Глеј ако ништо друго да не бидеш ‘‘ оздола‘‘ зошто не е лесно некој машносан и ташносан стокилаш да легне врз тебе. А башка ако базди на кромидоина од службените ручеци. 
Точно е дека Ленка боса на налани отишла тутун да реди в монопол рано в зори.

Немала лакирани кондури, ниту скапи чизми. Ама, имала чест! Таму некаде остана и Македонија. Кај наланите. 
А,.. честа?! А, што беше тоа чест? Чекај да проверам на Google!

Агим Јонуз
 

Најчитани вести