Ова е магацинот на Центарот за јавно здравје-Скопје. Водејќи се по фотографиите и видеата кои пристигнаа до редакцијата на ТВ21, во магацинот има неколку средства за дезинфекција произведени во 2018-тата, а пишува дека рокот на употреба е една година.

Изворот кој ги испрати снимките, тврди дека дезинфектантите биле користени за дезинфекција.

ТВ21 го праша директорот Александар Стојанов околу ова, но тој рече дека средствата воопшто не биле користени.

Став побаравме и од заменик-министерот за здравство, Илир Хасани

„Всушност, рокот за употреба подразбира дека средството не треба да се користи по негово истекување“, посочи Илир Хасани.

Инаку, Центарот за јавно здравје ја врши дезинфекцијата на градинките и училиштата во земјава.

Извор: ТВ21

Најчитани вести