Видеото кое доаѓа од Русија ниприкажува многу невообичаен обид за бегство од затвор.

Затвореникот е ставен во „кутија“ и веројатно чека судење. Забележа дека има само даски над главата, па благодарение на фактот дека е слаб, успеа да се протне меѓу нив и да го пробие таванот на лесните табли, кои често се гледаат во канцелариите.

Посебно е интересно однесувањето на полициските службеници. Отпрвин тие дури и не реагираа на неговиот обид, сметајќи дека нема шанси да се искачи, но кога успеа во тоа, настана паника. Тие избезумено почнаа да трчаат наоколу, бидејќи сфатија дека тој веќе со една нога е практично слободен.

Сепак, еден од потрезвените полицајци го фати притвореникот за нога и на тој начин успеа да го спречи да избега низ таванот до соседната просторија.

Затвореникот брзо сфатил дека премногу реагирал, па дури и побара од полицаец да му ја пружи раката за полесно да се врати.

Кога се спуштилво ќелијата, тој и ги понуди рацете за лисиците за да не ја комплицира дополнително ситуацијата. Урнебесно е во целата ситуација што додека го влечеа тој остана само по гаќи.

Како и да е, тој добро ги измори

Најчитани вести