Фото: Принтскрин

Планинскиот регион Нагорно-Карабах, без пристап до морето, е предмет на нерешен спор меѓу Азербејџан во кој се наоѓа, и неговото етничко ерменско мнозинство, кое е поддржано од соседна Ерменија.

Ерменската влада прогласи воена состојба поради ескалацијата на ситуацијата во регионот Нагорно Карабах. Ерменските официјални лица исто така најавија општа мобилизација. Конфликтот со Азербејџан околу споменатата територија трае со децении, а во последните неколку месеци тензиите растат.
Најмалку 18 лица загинаа во судирите во јули оваа година.

Ерменија и Азербејџан се земји кои биле дел од Советскиот Сојуз пред распадот на 1991 година. Сега, Руската Федерација повика на прекин на огнот и итни разговори меѓу двете страни.

Зошто Ерменија и Азербејџан спорат?

Планинскиот регион Нагорно-Карабах, без пристап до морето, е предмет на нерешен спор меѓу Азербејџан, во кој се наоѓа, и неговото етничко ерменско мнозинство кое е поддржано од соседна Ерменија.

Во текот на 1988 година, при крај на советското владеење, азербејџанските трупи и ерменските сецесионисти започнаа крвава војна што ја остави де факто независната држава во рацете на етничките Ерменци кога беше потпишано примирје во 1994 година.

Преговорите не доведоа до траен мировен договор, а спорот остана еден од „замрзнатите конфликти“ на постсоветска Европа.

Конфликтот влече корени од повеќе од еден век на натпреварување помеѓу христијанските Ерменци, турските народи и персиското влијание.

Карабах, населен со христијански Ерменци и Азербејџанци (Азери), стана дел од Руската империја во 19 век. Двете групи живееле во релативен мир, иако имало брутални активности од обете страни во текот на 20 век.

По крајот на Првата светска војна и болшевичката револуција во Русија, новите советски лидери, како дел од нивната политика во регионот, го основаа автономниот регион Нагорно-Карабах, со мнозинство етничко ерменско население во рамките на Социјалистичка Република Азербејџан.

Како што опаѓаше советската контрола кон крајот на осумдесеттите години, тлееше ерменско-азербејџанскиот спор со насилство кога парламентот на регионот го прогласи припојување кон Ерменија, пишува Би-Би-Си.

За време на борбите, во кои животот го загубија животот од околу 20.000 до 30.000 луѓе, етничките Ерменци ја добија контролата над регионот. Тие исто така се залагаа за окупација на азербејџанската територија надвор од Карабах, создавајќи тампон-зона што ги поврзува Карабах и Ерменија.

Со распадот на Советскиот сојуз кон крајот на 1991 година, Карабах се прогласи за независна република, дополнително ескалирајќи го конфликтот во војна од целосен обем.

Тој де факто статус не е признат никаде. Иако самата Ерменија никогаш официјално не ја признала независноста на регионот, таа стана нејзин главен финансиски и воен поддржувач.

Примирје

Во 1994 година беше потпишан прекин на огнот со посредство на Русија, оставајќи го Карабах и остатоците од азербејџанската територија околу енклавата во ерменски раце.

За време на борбите, во кои повеќе од еден милион луѓе ги напуштија своите домови, етничкото азербејџанско население, околу 25% од вкупниот број пред војната, избега од Карабах и Ерменија, додека етничките Ерменци го напуштија остатокот од Азербејџан.

Ниту една група од населението не може да се врати дома од крајот на војната.

Од тоа примирје, регионот е буре барут. Азербејџаните негодуваат за загубата на територијата што ја сметаат за своја, додека Ерменците не покажуваат подготвеност да ја вратат.

Знаци на „спуштање“ на тензии

На референдумот одржан во декември 2006 година, кој Азербејџан го прогласи за нелегитимен, регионот доби нов устав.

Иако имаше повремени состаноци на лидерите, сè престана со кршење на примирјето, а најсериозното нешто до денес се случи во април 2016 година, кога беа убиени десетици војници од обете страни.

Најчитани вести