Стан вреден 100.000 евра во Скопје, две возила и повеќе депозити, пријавил во анкетниот лист првиот вицепремиер Артан Груби, министер за политички систем и односи меѓу заедниците.

Груби во оваа Влада доби функција која прв пат е воведена, а тој според правилата ќе го заменува премиерот Зоран Заев кога ќе биде отсутен. 

Инаку во анкетниот лист пријавил и друг имот за кој не ја конкретизирал сопственоста односно не навел дали е личен, а е практично легализиран надграден објект кој впрочем вреди еден милион. Сепак во табелата нема дали станува збор за евра или друга валута.

Станот во Скопје за кој стои дека е стекнат со купопродажба е вреден 100.000 евра и има 115 квадрати. Груби пријавил два автомобили една стара „ксара“ вредна илјада евра и ауди А6 вредно 11.000 евра.

Груби има депозити, едниот од 138.000 другиот од 156.000 но нема податоци дали тоа се евра или денари. За разлика од едната сметка која е запишана како транскациска и на која има 422.873 денари.

Најчитани вести