Политичките партии кои се во Влада ги делат позициите во третиот ешалон на извршната власта, односно директорските позиции.

Новинската агенција Журнал дознава дека Јетон Акики од ДУИ е номиниран за директор во АЕК, Лирим Шабани во Малмед, Фатон Ахмети во Фондот за здравство, Реси Абдурахмани во Агенција за управување со одземен имот, додека со дирекцијата за државни резерви ќе раководи кадар на СДСМ.

Меѓу другите, ДУИ ги предложи Амир Шабани во Државниот завод за индустриска сопственост, Ширет Елези во Финансиската полиција и Насер Демири во Трудовиот инспекторат.

За компанијата МЕПСО сè уште нема одлука бидејќи во трка за да го преземат кормилото и да ја водат оваа компанија, се двајца кандидати. Но, според информациите на Агенцијата Журнал, МЕПСО најверојатно ќе биде предводен од кадар кој доаѓа од Куманово.

Извор: Журнал

Најчитани вести