Србија и Косово во четвртокот се согласија да го именуваат езерото на спорна територија според претседателот Доналд Трамп, пренесува „Газета експрес“.

Езерото, познато кај Косоварите како Ујман, а кај Србите како Газивода, е предмет на спор меѓу двете земји: околу 80 отсто од неовите води се на Косово, а 20 отсто во Србија. Во четвртокот кај езерото се појави транспарент на кој пишуваше Езеро Трамп.

„Газета експрес“ дознава дека и косовскиот премиер Авдулах Хоти и српскиот претседател Александар Вучиќ изразиле подготвеност да го прифатат името.

„Како да се нарече езерото што е на Косово и на Србија е е сериозна точка на застој и покрај договорениот компромис од САД за почнување физибилити студија за создавање работни места и поголема енергија за регионот … така што двете страни се согласија за ново име – Езеро Трамп“, напиша поранешниот в.д. директор на Националното разузнавање (ДНИ) Ричард Гренел на Твитер.

Косовскиот премиер Хоти во четвртокот потврди дека иницијативата е вистинска, дека Гренел навистина ја покренал и дека не е невообичаено Косово да прави вакви потези.

„Како знак на почит и чест за нивната одлучувачка улога за слободата, независноста и признавањето на државноста на Косово низ целиот свет, ние ги именувавме нашите најдобри булевари според најистакнатите личности на САД, како на пр. претседателот Клинтон, Џорџ Буш, сенаторот Боб Дол, секретарката Медлин Олбрајт и други. Наша традиција и култура е да го почитуваме пријателот! Ова е благородна традиција на нашите предци што секогаш ќе ја почитуваме “, напиша Хоти на Фејсбук.

Српскиот провладин весник „Информер“ исто така објави фотографии и видео од езерото со натписи „Езеро Трамп“ и голем транспарент над мостот на кој пишува „Претседателе Трамп, косовските Срби ви благодарат што воспоставивте мир“.

Расправиите околу вештачкото езеро, изградено пред неколку децении од компанијата „Ибер Лепенци“ кога Косово беше дел од Југославија, почнаа по крајот на војната во Косово во 1999 година. Иако дел од езерото се наоѓа на српска територија, Косово тврди дека поседува сопственост на целата територија, што доведува до спорови околу тоа кој може да ги искористи неговите ресурси.

Сепак, се чини дека преговорите постигнаа голем успех откако косовските власти постигнаа договор со американскиот Стејт департмент да се спроведе физибилити студија правично и ефикасно распределување на ресурсите на езерото.

Не е првпат странска сила да именува знаменитости според актуелниот американски претседател. Во Албанија постои булевар „Доналд Трамп“, а владата на Израел преименуваше повеќе места по него, главно како признание за неговата поддршка за израелскиот суверенитет и неговата одлука да ја премести амбасадата на САД од Тел Авив во Ерусалим.

Меѓу израелските локации преименувани по Трамп спаѓаат и плоштадите „Доналд Трамп“ во Ерусалим и Петах Тиква, како и именување на една населба на територијата на Голанската Висорамнина како Трамп хајтс. Властите во моментов планираат и една предложена железничка станица во Ерусалим да ја именуваат „Станица Трамп“.

извор: Makfax

Најчитани вести