Skip to main content
x

25 Sep 2020 - 14:05
sportmedia
Статија

Со синоќешниот пораз на Шкендија од Тотенхем со 1:3, заврши и настапот на нашите клубови во фудбалска Европа за оваа 2020/2021 сезона. Нема пласман во плеј – офот, уште помалку, нема пласман во групната фаза. Значи Вардар останува недостижен, она што вардарци го направија во август 2017 година, кога изборија историски пласман во Лигата на Европа, за сите наши претставници ова лето остана само сон.

Познато е дека поради Ковид-19, се играше по еден меч, а нашите клубови, Силекс, Шкендија, Ренова и Шкупи, во квалификациите за ЛШ и ЛЕ одиграа вкупно осум. На нив победија во три наврати, додека пет пати загубија.

Силекс почна во квалификациите во ЛШ, како наш претставник со оглед на тоа дека Вардар немаше право. И Силекс е најголемото разочарување. Не толку што во Азербејџан од Нефчи загуби убедливо со 0:4, туку поради фактот дека во Скопје, во квалификациите во Л„ во 2.коло, беше елиминиран од една Дрита и тоа по едно очајно издание.

Но кратовци си ја наполнија касата за наши услови, имаат сега за следните две години пари за живеење на клубот.

Шкендија (не)очекувано имаше добар настап. Ако не се паднеше Тотенхем во 3.коло, веројатно дека тетовци и по чеврти пат ќе играа во плеј – офот во ЛЕ. Нивниот настап против тимот на Мурињо беше добар, храбар, одважен.

Квалитетот на Шкендија се виде на гости, и тоа со Сумгаит и Ботошани.

Ренова изненади позитивно. Го мина Алашкерт, но немаше среќа против Хајдук, малку недостигаше на тимот на тренерот Бујар Ислами да го мине хрватскиот гигант.

Шкупи пак уште на стартот загуби од Нефчи, и тоа на гости во Азербејџан и бепше елиминиран, но искрено не се посрамоти.

Настап во рамките на очекувањата, генерално.

А ние се уште ќе чекаме некој како Вардар историски да не израдува.

РЕЗУЛТАТИ:

СИЛЕКС

Нефчи 0:4 (Г)

Дрита 0:2 (Д)

ШКЕНДИЈА

Сумгаит 2:0 (Г)

Ботошани 1:0 (Г)

Тотенхем 1:3 (Д)

РЕНОВА

Алашкерт 1:0 (Г)

Хајдук 0:1 (Д)

ШКУПИ

Нефчи 1:2 (Г)

ВКУПНО: 8 3 0 5 6:12

sportmedia.mk

Најчитани вести