Лепа Брена може да се пофали како некој кој има можност да соработува со разни стилисти и креатори, но не било секогаш така. На почетокот на кариерата Брена на сцената носела костими кои биле дело на мама Ифета, со која заедно кроела и осмислувала како ќе изгледа на сцената.

„Бев сама свој стилист и свој фризер и тоа ми беше многу слатко! Во Минхен имаше една продавница за материјали кои беа погодни за на сцена, но се беше прескапо. Решение беа мини здолништата, затоа што во нив одеше малку материјал“, рекла Брена во едно свое интервју и открила зошто на почетокот се појавувала само во куси здолништа.  

Работава не зашто сакала, маката ја натерала.

Најчитани вести