Skip to main content
x

25 Sep 2020 - 13:35
sportmedia
Статија

По завршување на вчерашниот дуел меѓу Шкендија и Тотенхем во рамките на 3. квалификациско коло за пласман во Лига Европа, тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо тврдеше дека едниот гол не ги исполнува европските стандарди, поточно е помал.

Оваа вест со брзина на светлината се прошири низ целиот свет, додека сите на големо пишуваат дека единствениот убав и модеред стадион во Македонија, има несфатлив недостаок, на АДСДП му требаше половина ден за соопштение, а потоа и за напад на македонските-медиуми.

Сепак висината на голот не била според стандардите, нешто што Жозе Мурињо го објави на прес-конференција, и дека голот морал да биде корегиран, ама се чини некој не е доволно информиран.

СПОРТМЕДИА во целост ви го пренесува демантот:

„АД за изградба и стопанисување ги отфрла како неосновани тврдењата во одредени медиуми дека е направен пропуст во димензиите на рамката на еден од головите на Националната Арена  „Тодор Проески’’. Пред почетокот на овој натпревар, исто како и пред сите меѓународни натпревари делегат на УЕФА и судиите извршија проверка на целокупниот терен. По  детално извршената  проверка,  од нивна страна беше потврдено  дека  се задоволени  условите за одржување на  натпреварот. Димензиите на рамките на головите беа во рамки на УЕФА правилата, односно  делегатот на УЕФА и судиите констатираа дека се во рамки на дозволеното отстапување. По реакцијата на тренерот на Тотенхем, во интерес на натпреварот , висината  на двата гола веднаш беше минимално корегирана.

На официјалната интернет страница на екипата на Тотенхем не само што немаше какви било забелешки за условите за игра, туку сите  објави  беа во насока на пофалби за одличната организација на натпреварот и условите за игра

Во изминатите 20 дена на Националната Арена „Тодор Проески’’ беа одиграни 5   меѓународни натпревари и сите ги поминаа  ригорозните инспекциски контроли на УЕФА.

АДСДП смета дека ваквите написи, без дополнителна проверка на фактите се единствено на штета на спортот и спортските работници во државата, како и на максималните напори  кои ги вложува раководството на АДСДП во одржувањето  на Националната Арена „Тодор Проески’’ според сите светски стандарди“, се вели во сопштението.

sportmedia.mk

Најчитани вести