Skip to main content
x

25 Sep 2020 - 12:55
sportmedia
Статија

Лионел Меси се збогува со уште еден голем пријател. Во новата сезона дресот на Барселона нема да го носи Луис Суарез, кој конечно се договори со Барселона и замина во редовите на Атлетико Мадрид.

Аргентинскиот фудбалер испрати порака до Суарез преку социјалните мрежи и потврди колку е огорчен од чекорите кои се прават во редовите на каталонскиот гигант.

„Знаев, но денеска кога влегов во соблекувалната, се почувствува празнината. Многу е тешко да се прифати дека нема да бидеме заедно на теренот, и надвор од него секој ден. Многу години минаа, дружење, но ништо не може да се заборави.

Ќе биде необично кога ќе те видам во друг дрес и кога ќе играм против тебе. Ти не заслужуваш да си одиш вака, туку како што одликува на еден од најважните играчи во историјата. Секако не заслужуваш вака да те избркаат, но дојдовме до тој момент кога ништо не ме изненадува“, порача Меси.

 

 

View this post on Instagram

 

Ya me venía haciendo la idea pero hoy entré al vestuario y me cayó la ficha de verdad. Que difícil va a ser no seguir compartiendo el día a día con vos, tanto en las canchas como afuera. Los vamos a extrañar muchísimo. Fueron muchos años, muchos mates, comidas, cenas… Muchas cosas que nunca se van a olvidar, todos los días juntos. Va a ser raro verte con otra camiseta y mucho más enfrentarte. Te merecías que te despidan como lo que sos: uno de los jugadores más importantes de la historia del club, consiguiendo cosas importantes tanto en lo grupal como individualmente. Y no que te echen como lo hicieron. Pero la verdad que a esta altura ya no me sorprende nada. Te deseo todo lo mejor en este nuevo desafío. Te quiero mucho, los quiero mucho. Hasta pronto, amigo.

A post shared by Leo Messi (@leomessi) on

sportmedia.mk

Најчитани вести