Сите компоненти на овој чудесен напиток се познати по своите антимикробни дејства, како и по содржината на висок процент на витамини. Пиењето чај од камилица со јаболков оцет може да помогне во нормализирање на шеќерот во крвта и одржувањето на енергијата. Покрај тоа, овој пијалак ќе ја намали и количината на лош холестерол во организмот.

Потребни состојки:

  • 2 чаши топла вода
  • 2 до 3 кесички чај од камилица
  • 30 мл јаболков оцет
  • 30 мл исцеден сок од лимон
  • 1 лажица органски мед.

Начин на приготвување: Истурете врела вода врз кесичките чај од камилица и оставете да стојат околу десет минути. Истурете го чајот во чајник, а потоа додадете сок од лимон, јаболков оцет и мед. Промешајте

Пијте го добиениот чај во текот на денот, а може да го оладите во фрижидер и да го пиете кога сте жедни.

Најчитани вести