Skip to main content
x

25 Sep 2020 - 12:05
sportmedia
Статија

Лоши вести за тренерот на Вест Хем, Дејвид Мојс. И вториот Ковид-19 тест е позитивен, па така тој ќе мора десетина дена да биде во изолација. Првиот позитивен тест беше пред три дена, и тоа непосредно пред дуелот со Хал.

Ова значи дека екипата на Вест Хем ќе мора најмалку два меча да игра без својот шеф на струката. И тоа против Вулфси во Премиерлигата и против Евретон во Лига Купот. Во отсуство на Мојс, екипата ќе ја води Алан Ирвин, кој привремено ќе биде шеф на стручниот штаб на “чеканите“.

Да потсетиме дека покрај Мојс, уште двајца играчи на Вест Хем се во изолација поради позитивни тестови на коронавирусот.

sportmedia.mk

Најчитани вести