Високиот претставник на Ватикан, кардиналот Џовани Анџело Бечиу, ненадејно поднесе оставка.

Светата столица во соопштението рече дека ја прифаќа оставката на кардиналот. Кардиналот ќе ја задржи титулата, но нема да може да гласа за следниот папа, пишува „Би-би-си“.

Пред тоа, Бечиу работеше шест години како втор највисок функционер во Државниот секретаријат на Ватикан, каде што секој ден се состануваше со папата и беше еден од неговите најблиски соработници.

Кардиналот Беќу беше вмешан во контроверзната набавка на луксузна зграда во Лондон со пари од црковни средства.

Набавката е извршена преку офшор фондови и компании, а овој случај сè уште е предмет на финансиска истрага.

Петмина претставници на Ватикан беа суспендирани по рацијата извршена во канцелариите на секретаријатот минатата година, кога полицијата заплени документи и компјутери.

Кардиналот негираше каква било вмешаност во нелегални активности, а во февруари тој го бранеше купувањето, нагласувајќи дека тоа е добра инвестиција на која многумина им завидуваа.

извор: Makfax

Најчитани вести