Русија повторно може да очекува дневно зголемување на бројот на заболени и до 9.000, изјави главниот лекар на водечки медицински центар, Евгениј Тимаков.

„Среде лето рековме дека ќе има зголемување на бројот на заболени. Според моите предвидувања, бројот на случаи може да расте на дневно ниво меѓу осум и девет илјади “, потенцира Тимаков во обраќањето во живо на „Инстаграм“, пренесува ТАСС.

Тој додаде дека нема причина за паника.

Според Тимаков, рускиот здравствен систем е насочен кон превентивни мерки (одржување на физичка оддалеченост, носење маски, миење раце …) што овозможија ублажување на последиците од првиот бран на епидемијата.

извор: Makfax

Најчитани вести