На граничниот премин Градина, денеска царинската служба на Србија спречи обид за криумчарење на 14 шишиња оригинално виски со различна старост и британски акцизни маркици.

Шверцот бил откриен откако бугарски државјанин со неговиот автомобил Мерцедес со англиски регистарски ознаки пристигнал на контролната линија на излез од земјата. 

Бугарскиот државјанин на прашањето дали има нешто да пријави, одлучно одговорил нема нема ништо освен личен багаж.

Сепак, тој бил издвоен за детален преглед, а потоа тоа се покажало како добра проценка, бидејќи во багажникот, под торбите со гардеробата, била пронајдена цела колекција на оригинално виски.

Фактот дека цената на едно специјално дизајнирано шише виски е повисока од 300 евра покажува дека станува збор за скапи пијалоци.

Најчитани вести