Колумнава нема за цел да се подсмева. С краја да е! Целта е отварање на акалот во време на ‘‘демократија до јаја‘‘. На времето беше еднопартиски систем, па ти бендисал не бендисал, у секој случај ‘‘ си наебал‘‘ ако не ти е по ќеф па мрчиш. Не дека некој ке ти забранеше да мрчиш, ама продужи си да мрчиш кршејки камен на Голи Оток. По креативно е. Море, сонце, галеби...

Синтагмата ‘‘братство – единство‘‘ во ушите на оние кои не виделе од минатиот систем поготово младите, звучи многу комунистички и подсеќа на нешто што некој му кажал дека е одвратно, дека е зло, дека е виновникот за неговото бедно секојдневие во современа Македонија. Дали?! 

Сведоци сме на современа Македонија во која како во пластична кеса некој се обидува да смести оштри камења на сила, ама по можност да налегнат убаво за да може ниту едно камче да не се скрши. Не сакав да речам ‘‘ рогови во  вреќа‘‘, оти така цела популација ќе испаднеме за подсмев, демек ‘‘рогоњи сме‘‘, нели.

 Па и тоа, нема да згрешам ми се чини, ако земеме во предвид дека се некој друг одлучува за нашата судбина, а не ние самите. А како тоа ние да одлучуваме, ако  немаме ‘‘муабет у куќа‘‘ и ако суштински не сме ја разбрале поентата на синтагмата ‘‘ братство – единство‘‘ во применето секојдневие. Ајде да анализираме поединечно.

БРАТСТВО

Кое црно братство бараш меѓу македонците кои се поделени по основ на се и сешто и очи си вадат меѓу себе! Зошто!?! ... ‘‘за чисто брашно‘‘! Која фамилија може куќа да изгради со такви ајвани синови. А албанците!?..а..? Одговорот е едноставен – КОПИ ПЕЈСТ ! Зборот братство е издевалвиран до ниво на амбиентот на двата потопени града среде мртвото море во Израел, а се викале Содома и Гомора. Сето тоа маскирано во машна, ташна, одело кое не ти стои баш, а успешно криејки го ножот во раце што го спремаш некому да му го збрцаш в грб! И што е најлицемерно, токму на оној што го нарекуваш ‘‘брат‘‘. Братство!?!? Ма, не сери !

ЕДИНСТВО

Еднаш, еден мудар стар Евреин ( Зак / бог да го прости) ми има речено ( изворно морам да цитирам) ‘‘детее,.. не се занесувај по идеологии! На светов има само два феномена. Религијата и парите. Се останато е јадење говна ‘‘! Тоа се единствените два феномена кои можат да поврзат маса до фанатизам. Бев млад и не го разбрав убаво. SHALOM Зак, ... сега разбирам!

Парите се моќ. Моќта е контрола. Контролата е бенефиција на ‘‘ боговите‘‘ ( не реков Господ). На македонското небо изникнаа многу богови. И сите до еден, завршија како ‘‘бивши‘‘. За гревовите никој не им наплати данок, та, нали боговите се недопирливи. Никој, ама баш никој од боговите не изеде апсаана! Паролата ‘‘ врана врани очи не вади‘‘ за само триесетина години доживеа ренесанса ‘‘ до јаја‘‘!

Тоа е единствениот пример за ‘‘ единство‘‘, за жал. 

Градиме држава! Ма, јебо те! Со кое црно братство а башка единство. Не ги поттурајте секогаш тука ‘‘ шиптарите‘‘, тие се само коцка во мозаикот кој е шаренолик. Погледнете се во огледало сите што сметате дека сте современици на Р. Македонија. Не мора да се плукнете, ке ве плукне ионака историјата. 

Државата пука по сите шевови а ние сеуште се бавиме со самите себе. Еден бара ова, друг она, а никој ништо не дава за државата. Сите само бараат нешто. За да го дефинираме зборот единство до крај, ке земеме предвид еден пример. Индијанците се движат играјки во круг околу една светост која се вика ТОТЕМ. Тоа го прави племето единствено во својот транс на посветеност кон нешто што е над временско. 

Ние исто играме во круг, ама го играме без тотем во средината. Државата! И што е најтрагично не играме конзервативно оро ‘‘три напред еден назад‘‘ туку почнавме да играме ‘‘ три назад еден напред‘‘! Катастрофа. Кој разбрал, разбрал! Каде е ‘‘тотемот‘‘!? У на вујна му!

И така ‘’ другови и другарице‘‘, ако некој разбрал која е суштината на оваа комуњарска фраза, добро ќе размисли што и фали на оваа држава. Има многу поголема тежина од она што претпоставуваме дека има. Ни братство имаме, ни единство, ни ( да простите ) ‘‘ ни курац ни палац‘‘!  Имаме држава! Имаме тотем ! Ние сме Индијанци. Ама,... ние сме СТВАРНО Индијанци, за разлика од индијанците.

 Е,.. сме имале ‘‘ соживот‘‘! Ма, јебо те он, кога за добар комшија Шиптар подразбираш само мртов Шиптар. Кога ти на етничка основа почна да ја делиш и тоалет хартијата, кога на нечии приватни инвестирани пари му наметнуваш етнички клуч за вработување, кога,.. кога,..!

Короната на светот му еба се по список. Ние на државата и ебеме се по список. Секој секому ебе се по список. Само ако му се укаже можност. 

Во ЈНА викаа ‘‘ сапун у руке и дупе уза зид‘‘! 

Јебем ти живот...

Агим Јонуз
 

Најчитани вести