Потребни состојки:
За тестото:

  • 600 г брашно
  • 1 сув квасец
  • 3 лажици масло
  • 1 лажичка сол
  • 2 лажички шеќер
  • 400 мл млака вода

За филот:

  • неколку лажици ајвар
  • 100-200 г кулен
  • 100-200 г шунка
  • 1-2 црвени пиперки
  • 1 лута пиперка
  • 100-200 г свежи печурки шампињони
  • 300 г кашкавал
  • 1 лажица оригано

Начин на приготвување: Се замесува тестото, се меси десетина минути и се остава да стаса. Се вклучува рерната на највисока температура веднаш штом ќе стаса тестото за да добро да се загрее. Откако ќе стаса земаме парче од тестото и нежно го развлекуваме во круг. Може со втиснување на прстите и дланките, ама нежно за да не го истиснеме сосема воздухот формиран при стасување. Секој круг го ставаме на набрашнета тава. Ја мачкаме со ајвар, редиме тенко насечкани шунка, кулен, печурки, пиперки и на крајот обилно рендаме кашкавал. Задолжително посипуваме со оригано. Печеме во добро загреана рерна на најдолната решетка…

Најчитани вести