Девојките од составот Фрајле вчеравечер гостуваа во Скопје, и се помина добро, всушност совршено. Затоа што музиката тие ја имаат во малиот прст. Пеат - растураат! А како што ни кажаа кај нас сакаат да доаѓаат бидејќи освен што имаат еден куп пријатели и драги луѓе во земјава, обожаваат и македонско мезе. Немаат проблем ниту со јазичната бариера, бидејќи во шега велат сите се Титови пионери.

Е ама се вели - ѓаволот ни ора ни копа, па Наташа Михајловиќ, Јелена Мирковиќ и сестрите Невена и Марија Буча ова доаѓање во Скопје ќе го паметат и долго ќе го прерасажуваат. 

Имено, во едно од интервјуата тие добија прашање, нормално на македонски, дали понекогаш се караат меѓусебно, кутрите во прв момент се збунија затоа што токму тој збор на нивниот мајчин јазик значи нешто сосема поразлично. 

- Бевме во шок како може еден новинар да ни постави такво прашање, но кога почна да поставува потпрашања сфативме за што станува збор, па почнавме сите да се шегуваме. Ќе ни остане тоа како анегдота дефинитивно, ни раскажаа девојките, кои нешто повеќе од двочасовната музичка дружба со скопската публика, во единствениот музички бар кај нас Интермецо, ја завршија со ветување за скорешна реприза.   

 

Најчитани вести