После гостувањата во Мексико, Ибица, Израел, Грција, Јужна и Северна Америка... еден од најдобрите холандски продуценти - SATORI утревечер премиерно ќе настапи и пред домашната публика. Познат по своите извонредни настапи во живо тој е дел од новиот бран уметници кои креираат извонредни ритуали во рамките на своите сетови. Инспириран да ја долови електронската музика преку неговата бесконечна звучна градина, SATORI во 2017 го објави својот деби албум „Maktub“ и тоа на Crosstown Rebels, добивајќи неверојатна реакција, а токму тој ја однесе неговата кариера во сосема поинаква димензија.

Здружени со широк спектар на лејблови, вклучувајќи ги DGTL Records, Underyourskin Records и Kindisch Records, звукот на SATORI го воодушеви светот дозволувајќи му да свири на места како Мексико, Ибица, Израел, Грција и низ Јужна и Северна Америка. Ширејки ја својата музика пред пошироката публика беше знак Cercle да се здружи со SATORI и да го создадат уникатно музичко патување лоцирано на врвот на Fort Louvois во Франција.

Музиката создадена од овој уметник е токму тоа што го претставува неговото име - просветлување и енергија, а токму како таква - полна со поинаква музика и поразлична енергија, се најавува петочната вечер во единствениот музички бар кај нас Intermezzo Music Bar. SATORI е инспириран да создава електронска светска музика, каде што комбинира бесконечни мешавини на заводлив транс и земјени тонови што го менуваат умот. Тој не е е дефиниран од ниту еден жанр и е тука за да го задоволи секој љубител на медитативна музика провоцирајќи го духовното патување каде што движењето, сонувањето и креативноста се безгранични, затоа не пропуштајте ја уникатната можност за дружба со овој, пред се, несекојдневен артист.

 

 

Најчитани вести