Дуќанот се издава или дуќанот се продава, е најчестата налепница на продавниците во Градскиот трговски центар. Поради корона кризата и малата заработка некои од нив кои затворија, сега не бараат кирија за нивните дуќани, затоа што давачките за електрична енергија, вода, клима и осигурување се високи. Над осумдесет дуќани се затворени, објави ТВ21

Сопствениците на дуќаните велат дека нема ниту заинтересирани за нивно изнајмување.

Причината за тоа што нема заинтересирани е поради високите сметки кои им стигаат. Дел од дуќанџиите велат дека некои сметки се паушални. Има и дуќани кои одамна не работат, но сметки за потрошена електирна енергија и греење сепак им пристигнуваат.

Ѓоко Трајчевски директорот на ГТЦ вели дека нема ништо без пари. Тој тврди дека мора да има давачки за да функсионира трговскиот центар.

„Нема ништо без пари. Има една поговорка која вели Затворен дуќан е најскап дуќан. Значи нема ништо без пари. За да се одржува објектот мора да го финансира некој. Објектот е 120 илјади квадрати. ГТЦ има 9 трафостаници што го опслужува и што го одржува системот во кондиција. Ако не плаќаме нема да биде во фукција“, посочи Ѓоко Трајчевски, за ТВ21.

Најчитани вести