Вториот меѓународен фестивал на кратoк филм „ФИЛМАЈ 2020” ќе се одржи во вторник (29 септември 2020) во Големата сала на Центарот за култура „Трајко Прокопиев” – Куманово, со почеток во 19 часот.

На овогодишниот конкурс пристигнаа 2.017 пријавени филма од 111 држави, кои беа прегледани од трочлено жири: Ана Јакимска (филмски режисер и сценарист), Златко Ѓелески (писател и културен критичар) и Глигор Максимовски (фотограф и член на фото-кино клуб `Козјак` – Куманово).

Жирито одлучи за следниве награди:

– награда „Лазар Ѓорѓевиќ” за најдобра режија оди кај Joey Paras за режирање на `Fetch` (Филипини)
– награда „Радислав Ристевски” за најдобра фотографија/кинематографија е за Tim Kuhn за кинематографскиот труд во `Jupiter` (Германија).
– награда „Козјак” за најдобра приказна/сценарио им се дава на Guy Nattiv и Sharon Maymon за aвторство на `Skin` (САД)
– Посебна награда од жири за македонски филм е доделена на Георги М. Унковски за `Налепница`

Во фестивалската вечер ќе биде прикажана компактна листа од наградени и одбрани кратки филмови, во траење од 100 минути.Согласно состојбата и протоколите, влез во салата ќе биде овозможен за публика од 110 лица кои претходно ќе имаат добиено билети. При влегувањето на секој посетител ќе му биде мерена температура и ќе се врши дезинфекција на раце, а носењето на маска на лице ќе е задолжителна при влез и за цело време на престојување внатре. Движењето ќе биде со дистанца од најмалку 2 метра, а сместувањето на публиката ќе е во секој втор ред и со растојание од 2 празни седишта помеѓу соседни посетители.

 

извор: Makfax

Најчитани вести