За денешниот ручек ви препорачуваме да подготвите ражничи од компири и сланина.

Потребни состојки:

8 компири

12 парчиња сланина

Сол

8 стапчиња за ражничи

Начин на подготовка:

Исечете ја сланината на три дела. Убаво измијте ги компирите и исечете ги на кругови. На стапчињата наредете парче компир па парче сланина и не оставајте растојание помеѓу нив за да изгледа убаво. Повторете ја постапката додека имате состојки. Печете ги во рерна околу 30 минути.

Најчитани вести