Skip to main content
x

22 Sep 2020 - 8:45
sportmedia
Статија

Фудбалери се спречкаа со полиција на натпревар во Бразил. Во прашање е меч од бразилската Серија Ц, односно третата лига, помеѓу Манаус и Трези. Гостите воделе, а домаќинот Манаус изедначил во осмата минута од судиското продолжение на мечот. Клупата и некои играчи приметиле дека линискиот судија го кренал знаменцето за офсајд, а потоа го спуштил. Тоа ги изнервирало гостинските играчи кои му се нафрлиле на судијата.

Главниот судија доделил еден црвен картон, но со тоа само долеал масло во огнот. Фудбалерите на Трези му се нафрлиле на главниот арбитар, па полицијата морала да интервенира. Тие што штитови, солзавец и пендреци ги тргаа фудбалерите од себе.

sportmedia.mk

Најчитани вести