На вечерашниот Централен комитет на ВМРО-ДПМНЕ лидерот на партијата им предложил на членовите свикување на вонреден конгрес на кој тој нема да се кандидира, но тие едногласно го одбиле предлогот, брифираат од партијата вечерва.

„Седницата на Централниот комитет започна со говор на претседателот Христијан Мицкоски на кој направи ретроспектива на целокупното раководење со партијата на сите аспекти, отворена дискусија за состојбите и загриженоста за целокупната економска и политичка ситуација. Иако до пред почетокот на седницата не беше пристигната иницијативата за свикување на вонреден конгрес, претедателот Мицкоски на свое барање стави точка на дневен ред иницијатива за одржување на вонреден конгрес на кој тој не би се кандидарал.

Таквата точка едногласно од страна на Централниот комитет била отфрлена, по што Мицкоски ја продолжи седницата на која ќе предложи нови состав на извршниот комитет“, брифраат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во текот на денот се шпекулираше со повеќе имиња на нови членови на Извршниот комитет, но од партијата велат дека голем број информации не биле точни.

Најчитани вести