Синот на познатиот пејач Данијел Попови, Себастијан како и славниот татко се бави со пеење. Тој неодамна решил да зборува за медиумите и да го искоментира односот со татко му и тоа дека тој одбил да снимат дует. 

„Точно е, ме одби затоа што сака поромантични песни од оние кои ги пишувам јас. Му забележав затоа што сакав да имаме една заедничка песна и да остане засекогаш и да знам дека и ние имаме дует како татко и син“, рекол Себастијан и додал дека се во одлични односи.  

„Не сме се виделе долго, можеби две години, но се слушаме и отсекогаш сме имале одличен однос“, рекол Себастијан и се осврнал на изјавата на Поповиќ сениор дека некогаш бил ѕвезда, а сега е социјален случај.   

„Без оглед на тоа што се пишуваше дека финансиски не стои најдобро, тој мене никогаш ништо не ми побарал ниту сум забележал дека нешто му треба. Мислам дека неговата изјава е повеќе во насока на тоа дека се чувствува така заради она што го имал некогаш и што го има денес“, додал Себастијан и се потсетил на времето на најголемата слава на татко му: „Правеше многу пари. Од првата заработувачка која ја доби од „Џули“ купи куќа, порше - прво вајво возило во Југославија, прв имаше мобилен телефон, онаа голема канта со антена која ја стави во тоа порше... Каде заминаа тие пари не знам. Ќе сфатев да вложувал во некои угостителски објекти, да купувал згради, но нема ништо од тоа, па навистина не знам.“

Данијел Поповиќ денес има 64 години, зад себе има четири брака, четири деца, а последниот албум го објави во 2014 година. 

Ова е Себастијан:

 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Normalno je dosadno 🤘💥🤟 #picture #rockon #shooting #winteriscoming

A post shared by Sebastian Popović (@sebastian_popovic) on

Најчитани вести