ОВЕН

Работа

Овој месец ќе имате можност да ги изразите своите идеи, но за да бидете прифатени ќе морате да постапите тактично. Ве очекува многу работа во текот на целиот месец, но и куп лични обврски кои ќе морате да ги завршите. Сепак, потрудете се да поставите приоритети и да не се исцрпувате. Можно е да добиете имот или пари од наследство. Не е време за ризични потези, бидете внимателни.

Љубов

Ако сте во врска: На ова поле ќе биде потребно да балансирате, како во однос на своите чувства, така и во однос на очекувањата кои ги имате од саканата личност. Тешко ќе ви биде да ги контролирате емоциите, но ѕвездите ве советуваат да се воздржите овој период. Следете ја својата интуиција и средете го прво својот живот, а потоа и врската во која се наоѓате. Партнерот нема да има исти очекувања како вас и тоа е нешто што секогаш треба да го имате на ум овој септември.

Ако сте слободни: Слободните овни ќе бидат постојано дел од контроверзни ситуации, за кои самите се виновни. Една личност од која одамна се имате откажано ќе посака да се врати во вашиот живот, но најверојатно нема да можете да ги возвратите чувствата. Ќе бидете растрчани меѓу желбата да бидете со некого, но и потребата да бидете со личност која целосно ви одговара. Смирете го својот ум и слушајте го срцето овој месец.

Здравје

Ве очекува напнатост и исцрпеност во текот на целиот месец. Некои работи ве јадат одвнатре и ви предизвикуваат анксиозност.

БИК

Работа

Овој месец можни се загуби, па паметно би било да не навлегувате во ризични потези. Решавајте ги ситните проблеми кога ќе се појават, но не дозволувајте тие да се наталожат. Успехот и заработувачката ќе бидат тука и тоа ќе ве направи среќни, но не се преоптоварувајте со тоа што би можело да биде. Не правете големи планови овој месец, туку потрудете се да играте на сигурно.

Љубов

Ако сте во врска: Посакувате баланс во врската, но тоа ќе ви оди тешко овој месец. За да го постигнете тоа, ќе морате да се ослободите од илузиите и да престанете да ја споредувате својата врска со другите. Ако сакате да бидете со саканата личност, прифатете ја таква каква што е, ако сакате нешто да е поинаку, тогаш треба да изберете некој друг за себе. Овој септември, ќе морате да направите личен увид и да ја прифатите реалноста таква каква што е.

Ако сте слободни: Слободните бикови ќе се најдат во друштво на влијателни и интересни личности, па тоа ќе им дојде одлично по подолг период на изолација. Ќе бидете во искушение да и се приближите на некоја личност која ви се допаѓа, но на моменти ќе бидете парализирани од стравот. Можна е минлива авантура со личност која ја знаете преку работа.

Здравје

Полни сте со позитивна енергија. За некои бикови можни се настинки.

БЛИЗНАЦИ

Работа

Овој месец ве очекува напорна работа, но за вас доаѓа и поволен финансиски период. Завршете го она што е најитно, а потоа посветете се на градење успешна соработка со колегите и надредените. Таквата поддршка ќе ви биде добредојдена овој месец. Одличен период е за Близнаците кои се занимаваат со креативност и уметност. Важно е да водите сметка за сите аспекти, да останете трпеливи, но и да одморите кога ќе чувствувате замор.

Љубов

Ако сте во врска: Доаѓа до промени во партнерските односи, можно е отпочнување семејство или заеднички живот. Вашите желби се слични како на саканата личност, но вие имате повеќе идеи, така што седнете и разговарајте со саканата личност за тоа што го сакате. Така ќе откриете дека сте на исто ниво. Што и да започнете овој период ќе биде успешно. 

Ако сте слободни: Слободните близнаци чувствуваат дека љубовта е во воздухот, но тоа може да ви донесе луѓе кои сакаат само авантура и кои ќе направат обид да ве изиграат во еден момент. Бидете внимателни, потрудете се да ги избегнете таквите ситуации, така што прво ќе ја запознаете личноста, а потоа ќе правите планови за иднината.

Здравје

Потребен ви е активен одмор кој ќе ви ги наполни батериите.

РАК

Работа

Доаѓаат работи кои не ги очекувате, а тоа значи дека ќе се соочите со големо незадоволство на ова поле. Ќе треба да менувате некои работи и да се прилагодувате, но ѕвездите ве советуваат да останете трпеливи. Ова е добар момент за планови за иднината и тоа што детално, толку подобро. Промените низ кои минувате нема да бидат најпријатни, но тие ќе ви донесат многу нови можности за напредок. 

Љубов

Ако сте во врска: Добро е што знаете што сакате, но на ова поле морате да бидете тактични во начинот како се поставувате кон саканата личност. Вашата сила, наплив на страсти и емоции можат да бидат сфатени како агресивност, а тоа не ви е потребно. Овој месец партнерот нема да има нерви за вашите драматични испади, па затоа потрудете се да ја канализирате енергијата на поинаков начин. Тоа може да ве фрустрира, но пробајте да покажете емпатија.

Ако сте слободни: Слободните рРакови ќе бидат харизматични и ќе привлекуваат внимание каде и да се појават. Сепак, не ве интересираат минливи и површни односи, туку сакате вистинска љубов. 

Здравје

Потрудете се да се храните поздраво. Време е за поздрави навики.

ЛАВ

Работа

Подгответе се за интензивен период во кој ќе треба да ја покажете својата волја и одлучност. Ќе постигнете успех со темелна работа, силна концентрација и добра организација. Исто така, важна е и комуникацијата со соработниците и клиентите. Фокусирајте се на градење позитивни меѓучовечки односи со луѓето околу вас. Бидете флексибилни и прилагодливи на сите промени кои доаѓаат.

Љубов

Ако сте во врска: Во врската ве очекуваат хармонични партнерски односи кои ќе ви дадат ветер во грб за останатите аспекти од вашиот живот. Присутни се силни чувства кои ќе треба да ги канализирате и да не дозволувате бес во ниту една ситуација, бидејќи нема потреба за тоа. Разгледајте ги плановите за иднината со саканата личност и пробајте да најдете компромис околу некои важни прашања. Не пробувајте да ги наметнете своите ставови и размислувања, тоа нема да ви оди од рака овој месец.

Ако сте слободни: Слободните лавови носат товар од минатото, непреболена љубов, чувство на вина, а сето тоа ќе ви наметне желба да се преиспитате каде сте и каде сакате да бидете. Не бегајте од тоа, време е да научите нешто од грешките.

Здравје

Поработете на подобрување на имунитетот.

ДЕВИЦА

 

Работа

Лесно ќе напредувате во однос на поставувањето цели, но ќе бидете малку почувствителни и ќе реагирате поостро од вообичаено. Тоа не е толку лошо, но ќе треба да бидете внимателни да не навлегувате во поголеми конфликти со колегите. Не се трудете да бидете во право по секоја цена, бидејќи потоа ќе ви биде тешко да се вратите на старо во односот со некои од соработниците. Бидете одлучни, а не радикални. Размислувајте темелно за сите свои постапки.

Љубов

Ако сте во врска: Овој период ви носи можност полесно да изразите како се чувствувате што ќе биде пречекано со радост од страна на саканата личност. Ќе успеете да изнесете и некои свои потреби за кои партнерот не бил свесен. Тоа воопшто нема да биде непријатно бидејќи и двете страни се подготвени да комуницираат и да го унапредат односот на едно повисоко ниво. До крајот на месецот ќе успеете да воспоставите хармонија со преобликување на досегашниот модел на врската. Ова е убав месец за заљубените девици.

Ако сте слободни: Слободните дДевици ќе треба да расчистат со некој емоционален товар од минатото, така што ова е потежок период, но време е за чистење. Во однос на новите познанства, може да се појави личност со која лесно ќе ви биде да разговарате и да се поврзете на интелектуално ниво.

Здравје

Можни се главоболки.

ВАГА

Работа

Овој месец доаѓа плима на промени со кои ќе се носите одлично. Ќе бидете многу продуктивни и сите активности ќе успевате да ги спроведувате на дело. Вложувајте во себе, во својот развој и едукација, бидејќи тоа ќе ви дојде одлично во контекст на сите ваши планови. Задржете го трпението, а ако вложувате пари, бидете внимателни со кого соработувате. Окружени сте со луѓе кои се тука да ви дадат поддршка и помош.

Љубов

Ако сте во врска: Во партнерските односи секој од партнерите ќе се движи со своја сопствена брзина, така што ќе треба да постапите умно. Чувствата се силни и длабоки, не постои сомнеж меѓу вас, но само треба да се усогласите во однос на тоа што го сакате од врската. Дајте и простор на саканата личност ако и е потребно тоа. 

Ако сте слободни: Слободните вВаги  ќе ја шират околу себе својата позитивна енергија и ќе ги шармираат другите. Бидете внимателни при запознавањето нови личности бидејќи можно е некому да се приближите премногу и да ја уплашите таа личност. Сакате да бидете во центарот на вниманието, но имајте предвид дека другите можеби имаат поинаква перцепција.

Здравје

Можен е пад на енергијата и расположението. Потребна ви е ментална стабилност.

СКОРПИЈА

 

Работа

Ова е лош период за оние скорпии кои бараат нова работа. За останатите, септември е месец на докажување на вашите способности особено пред луѓето кои можат да донесат важна одлука за вашиот напредок. Затоа, дајте се од себе и покажете што можете. Не дозволувајте ништо да ве оттргне од патот. Сепак, зачувајте го трпението и не избувнувајте во ситуациите кога мислите дека другите се против вас. Поработете на својата самодоверба и имајте предвид дека ѕвездите се на ваша страна. Со напорна работа и позитивен став, можете се да постигнете.

Љубов

Ако сте во врска: Чувствувате сомнеж на ова поле, но треба да увидите дали е тоа сомнеж во саканата личност или во вас самите. Потребно е да го слушате своето срце и да ги откриете причините за својот страв и несигурност, наместо да префрлате одговорност на партнерот. Бидете искрени како се чувствувате, тоа е најважно во текот на овој месец. Отворете се, покажете ранливост, побарајте поддршка.

Ако сте слободни: Слободните скорпии ќе бидат многу привлечни, шармантни и комуникативни овој период. Можно е да привлечете личности кои ќе кријат некои работи од вас, но вие мошне брзо ќе го откриете тоа. Само потрудете се да не бидете повредени. 

Здравје

Можни се болки во зглобовите и кичмата.

СТРЕЛЕЦ

Работа

Вашите планови ќе се развиваат овој период, а тоа ќе ве изненади бидејќи очекувавте период на стагнација. Ќе се отворат патишта кои досега беа затворени, а тоа ќе ви помогне и самите да напредувате. Преземете го ризикот, останете прибрани, останете свесни за тоа што сакате да го постигнете. Интуицијата ви е посилна од било кога, а тоа ќе ви помогне на ова поле особено и во делот на поврзување со колегите. Овој период е добар за едукација, нови сознанија и искуства.

Љубов

Ако сте во врска: Во партнерските односи можно е да дојде до интензивни чувства кои ќе морате да ги канализирате некако за да избегнете конфликти кои потоа можеби нема така лесно да ги залечите. Пробајте да поработите на односот и да разговарате за оние аспекти кои ви пречат. Таквиот разговор ќе ви даде увид дека е потребен напор од двете страни. 

Ако сте слободни: Ова е месец кога слободните сСтрелци ќе се ослободат од своите ѕидови и ќе ги пуштат другите блиску до себе. Од вас ќе зрачи некоја топлина со која ќе ги привлекувате другите околу себе. Бидете свесни колку им се допаѓате на другите и отворете се кон оние кои навистина ви се допаѓаат.

Здравје

Внимавајте на стресот. 

ЈАРЕЦ

 

Работа

Ова е месец за анализи и вреднувања. Можно е да морате да ги менувате плановите во од и да се прилагодувате, особено доколку сакате да се докажете некому. Успехот доаѓа преку стабилизација на професионалните односи, како и комуникација и толеранција со соработниците, кои не се брзи и аналитични како вас. Вие сте фактор на стабилност и треба да ја преземете таквата улога. 

Љубов

Ако сте во врска: Ова е поволен месец за стабилизација на емоционалните односи. Sвездите се на ваша страна, па треба да знаете дека ќе постигнете хармонија преку заеднички активности. Споделувајте со саканата личност, побарајте и понудете поддршка, а тоа ќе го подобри односот меѓу вас. Во ситуациите во кои сакате работите да се одвиваат на ваш начин, не ги наметнувајте своите ставови, туку потрудете се да се надополнувате еден со друг.

Ако сте слободни:  Слободните јарци би можеле да се заплеткаат во емоционални игри. Веројатно ќе бидете повредени и самокритични од обидот на некоја личност да ги манипулира вашите чувства, но не треба да ги сфаќате работите толку сериозно. Не се вложувајте во површни односи овој месец, тоа не е за вас.

Здравје

Потребни ви се промени во дневната рутина - здрава исхрана, витамини и физичка активност. 

ВОДОЛИЈА
Работа

Бидете внимателни во однос на новите контакти и соработки. Некои од плановите и настојувањата можеби ќе пропаднат, но не е крај на светот. Само бидете претпазливи. Ако вашата работа е врзана со кратки патувања, ве очекува успех на ова поле. Целиот септември ќе биде многу продуктивен за Водолиите, но потрудете се да научите нешто од грешките.

Љубов

Ако сте во врска: Време е за усогласување со саканата личност. Вие се развивате и менувате, но истото се случува и на саканата личност. Можно е да увидите дека некои особини не ви се допаѓаат, но потрудете се да сфатите дали е тоа нешто минливо и нешто што можете да го прифатите или пак нешто што навистина негативно ќе влијае на врската. Не е време на партнерот да му ги укажувате неговите слабости, ова не е месец за тоа.

Ако сте слободни: Слободните водолии  ќе бидат во ситуација да преиспитуваат некое ветување кое го дале некому. Sвездите ви советуваат да го слушате своето срце, но и да не анализирате предлабоко. Бидете директни и не се плашете од тоа што го чувствувате. 

Здравје

Можни се проблеми со мигрена и стомачни проблеми.

РИБИ

 

Работа

Септември ќе биде во знакот на завршување на незавршените обврски, расчистување на теренот за нови работи, како и нови проекти. Ќе имате можност да дојдете до поголема заработувачка. Држете се до своите стандарди и приоритети и што и да се случи, не дозволувајте да се сомневате во себеси. Ова е ваш месец за успех, но и за многу промени. 

Љубов

Ако сте во врска: Добрата комуникација е клучна за солидни партнерски односи овој месец. Можеби ќе чувствувате дека саканата личност е студена, но многу работи ќе зависат од вашата емпатија и чувствителност овој месец. Што и да се случи, пробајте да ги решите работите смирено и без драма. Ако ве преплават негативни чувства и бес, нема да постигнете ништо.

Ако сте слободни: Слободните риби  по долго време ќе се чувствуваат како да запознаваат нови луѓе. Sвездите најавуваат и една посебна личност која ви носи убави емоции и сосема нова перспектива. Оние кои ве познаваат веднаш ќе ја забележат убавата промена кај вас. Време е за личен развој, будење и созревање.

Здравје

Потребно ви е да ги наполните батериите.

Најчитани вести