Потребни состојки:

  • 350 г компир
  • 50 г путер
  • 1 главица лук
  • 1 тиквичка
  • 100 глистови од блитва
  • 1 коцка зеленчукова супа
  • сол и црн бибер

Начин на приготвување: Потребниот зеленчук за подготовка на овој рецепт убаво измијте го и ситно исечкајте го. Потоа ставете го во тава на оган во која сте додале малку путер и кратко пропржете го. Вака подготвениот зеленчук, префрлете го во блендер и убаво миксирајте ги сите состојки. Во тенџере, ставете вода (околу еден литар) и сварете ја зеленчуковата коцка. Потоа во тенџерето додајте го и миксираниот зеленчук. Варете ја супата околу 15 минути. На крај зачинете по желба.

Најчитани вести