Покрај лубеницата и сладоледот, на високите температури, совршен избор за освежување се и разните коктели. Со многу овошје, малку алкохол и коцки лед, тие знаат да бидат вистинско летно задоволство!

Токму за денес ви приготвивме брз и лесен рецепт за уникатен коктел, кој никого не остава рамнодушен!

Потребни состојки

1 шолја свежи боровинки
120 мл рум
10 лисја мента
2 супени лажици шеќер
Сок од лимета (2 исцедени плодови)
Минерална вода
Начин на подготовка

Во блендер најпрво додадете ги боровинките и истите сомелете ги. Откако ќе добиете еднаква текстура, во блендерот додадете ги и ментата и шеќерот. Следно, додадете го сокот од лимета и румот и добро измешајте ги состојките.

Во чаша поставете неколку коцки лед, а потоа додадете ја и добиената смеса од блендерот и на крај додадете ја и минералната вода.

Украсете со лист од мента и уживајте во уникатниот и освежителен вкус!

Најчитани вести