Договорот за нормализација на економските односи Белград Приштина во прв план подразбира обнова на односите на Србија со САД како најголема светска сила, кој за многумина тој однос спрема Вашингтон на почетокот бил трн во око а кружеле теории дека Србија ги напушта традиционалните сојузници од Москва и Пекинг.

Сето ова набрзо е демантирано, а најдобар доказ дека Србија останува на патот на независна и неутрална политика доаѓаат информации за посета на рускиот и кинескиот а извесно е и американскиот претседател на Србија во наредната година.

Специјалниот пратеник на американскиот претседател Ричард Гренел потврдил што се подготвува на Балканот, усијани се телефоните со Пекинг и план за посетата на Путин.

Специјалниот пратеник за дијалогот Белград Приштина, Гренел потврдил дека посетата на првиот човек на САД Доналд Трамп наголемо се планира само се бара изнаоѓање датум за неговата посета.

Претседателот на Русија Владимир Путин, доаѓа во октомври во Србија а планира во тек на својата посета да присуствува на централната државна церемонија по повод завршување на изграбдата и отварање на Храмот Свети Сава.

Кинескиот претседател Си Џинпинг во април имал телефонски разговор со претседателот Александар Вучиќ во кој ја прифатил поканата повторно да дојде во Белград.

-Расподелбата на моќта во светот е таква што големите сили се борат за доминантно влијание секаде во светот, па со самото тоа и на БАкланот. САД, Германија, Франција, Кина, Русија, Турција, како и поедини земји на Блискиот исток, се обидуваат да ги придобијат балканските земји на своја страна. Ако Трамп победи во вториот мандат, реално е да ја посети Србија, бидејќи претседателот Вучиќ со договорот во Вашингтон успеал да го обнови сојузништвото со Америка кое е во интерес не само на Србија туку и регионот... - вели Милован Јовановиќ, новинар и аналитичар. извор: Ало.ср.

Најчитани вести